Светот без луѓето во него би изгледал како африканска савана, според една неодамнешна студија направена од тим дански научници. Тие дури изработиле и мапа за да покажат како би изгледал светот без „homo sapiens“.
И не е изненадување што светот без човечка цивилизација би изгледал многу слично на денешната африканска савана.
Еден од авторите на студијата објаснува „Причината зошто Африка е главното место за сафари не е затоа што тој континент е природно премногу богат со разни видови на цицачи, туку само покажува дека тоа е единствено место каде човековите активности сѐ уште не го уништиле поголемиот дел од големите цицачи“.
Претходни истражувања покажале дека причина за масовното исчезнување на многу од големите цицачи е подемот на модерниот човек, за време на и непосредно после првото ледено доба.
Ако луѓето не го поттикнале исчезнувањето на другите цицачи, местата како денешен Тексас, Бразил и Аргентина би претставувале подрачја каде останатиот животински свет би бил во изобилие.
Гигантските мрзливци и древните коњи би ја крстареле Америка. Носорозите и слоновите би се шетале низ континентална Европа.
Овие наоди не се прецизни но научниците се надеваат дека овие податоци ќе помогнат да се зачува дивиот свет.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























