Новиот атлас на Фобос ќе помогне во изборот на примероци
Нов атлас ја прикажува динамиката на реголитот на Фобос и ќе ѝ помогне на мисијата MMX да ги протолкува примероците што планира да ги донесе на Земјата. Истражувањето открива различни истории на материјалот кај двете предвидени места за собирање.
НАСА објави отворен AI-модел за мапирање на Месечината
НАСА и IBM објавија отворен модел со вештачка интелигенција обучен со 17 години податоци од Месечината. Моделот може да мапира кратери, вулкански формации и области со потенцијален мраз.
Марсовите жлебови најверојатно ги создава јаглерод диоксид, а не вода
Активните жлебови во јужниот дел на Марс најверојатно не ги создава течна вода, туку сезонски мраз од јаглерод диоксид. Сублимираниот гас може да го подмачка мразот и почвата, предизвикувајќи лизгачки текови што ја моделираат површината.
Месечината можеби настанала цела само пет часа по гигантскиот судир
Нови симулации покажуваат дека Месечината можела да настане како цело тело само околу пет часа по судирот на младата Земја со планетарно тело со големина на Марс. Резултатите укажуваат дека температурата и цврстината на карпите биле пресудни.
Откриени мистериозни рендгенски објекти какви што досега не се видени
Телескопот „Чандра“ откри 84 необични објекти што емитуваат слаби рендгенски, но силни ултравиолетови зраци. Овие хипермеки рендгенски извори можат да понудат одговори за јонизацијата на галаксиите и за експлозиите на суперновите Ia.
Вештачката интелигенција може да го унапреди предвидувањето природни катастрофи
Швајцарски истражувачи користат околу 100 петабајти податоци на НАСА и моќен суперкомпјутер за развој на брзи модели за временски прогнози и рано откривање природни катастрофи. Технологијата би можела да помогне во навремено предупредување за поплави, одрони и уривање глечери.
LINK се приближи до „Свифт“, но не успеа да го спаси телескопот
Спасувачкото летало LINK се приближи на само 12 до 15 километри од телескопот „Свифт“, но поради проблем со потисниците не успеа да го фати и да му ја подигне орбитата. НАСА и Katalyst Space сега ги користат преостанатите можности за тестирање технологии за идни мисии.
Силициумски метаповршини ја менуваат инфрацрвената светлина за наносекунди
Истражувачи од EPFL развија суспендирани силициумски метаповршини што ја менуваат средноинфрацрвената светлина во реално време. Со електрично загревање работат илјадници пати во секунда, а со ласерски импулси реагираат за наносекунди.
Квасец би можел да помогне во 3Д-печатење куќи на Марс
Истражувачи развија материјал од марсовски реголит, желатин и инженерски квасец кој може да се 3Д-печати во услови слични на оние на Марс. Материјалот е лесен, релативно цврст и потенцијално може да се рециклира.
Прашината од Рјугу открива како азотот се концентрирал во сложени соединенија
Анализата на примероци од астероидот Рјугу откри амониумски глини, соединенија со јаглерод-азотни врски и натриум нитрат. Нивниот распоред укажува дека испарувањето на солената вода можело постепено да го концентрира азотот и да поттикне посложена хемија.
Cloud-9 можеби е галаксија речиси без ѕвезди
Ултрадлабоки снимки на Cloud-9 не открија ѕвездено светло, иако објектот содржи околу еден милион сончеви маси водороден гас. Резултатите го засилуваат сомнежот дека станува збор за ретка галаксија составена главно од гас и темна материја.
Џејмс Веб откри промени во прстените на Харикло
Набљудувањата со телескопот „Џејмс Веб“ покажаа дека двата прстена околу малото тело Харикло се менуваат на различен начин. Откритието сугерира дека овие системи се многу подинамични отколку што се мислеше.
Чандра откри нова класа „хипермеки“ извори на Х-зраци
Опсерваторијата „Чандра“ откри 84 хипермекки извори на Х-зраци во шест галаксии. Нивното необично зрачење може да помогне во проучувањето на суперновите од типот Ia и јонизацијата на меѓуѕвездениот гас.
Древен сигнал од водород отвора нов начин за мапирање на Вселената
Астрономите со телескопот MeerKAT директно открија исклучително слаб сигнал од неутрален водород, стар милијарди години. Техниката може да овозможи побрзо создавање големи тродимензионални мапи на распределбата на материјата во Вселената.
Американската војска ја одржа првата вежба со маневрирање во орбитата
Американската вселенска команда ја одржа првата вежба „Apollo Maneuvers“, во која сателити и други летала вежбале блиско маневрирање во симулирана конфликтна средина. Целта е развој на тактики за стекнување предност и заштита на клучните орбитални системи.
Меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS е преполна со метанол
Новите набљудувања со ALMA покажуваат дека меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS има исклучително висока концентрација на метанол. Нејзината необична хемија може да открие како се формираат комети во други планетарни системи.
Откриена црна дупка што се храни додека талка низ галаксија
Астрономите пронајдоа средномасивна црна дупка што се храни со гас додека се движи низ џуџеста галаксија. Набљудувањата откриваат густ гравитациски траг зад неа, што претставува директен доказ за одамна предвиден механизам на акреција.
Хабл и Веб откриваат траги од минатото во далечниот Сончев систем
Заедничките набљудувања на Хабл и Џејмс Веб открија дека малите транснептунски објекти ги зачувале бојата и составот од времето на нивното создавање. Истражувањето откри и помалку мали тела отколку што предвидуваат некои модели.
3I/ATLAS настанал на температура под −240 °C
Новите набљудувања на интерѕвездениот објект 3I/ATLAS покажуваат дека тој се формирал во исклучително студен регион, на температура под −240 °C. Неговиот состав нуди редок увид во условите за создавање планети и комети околу друга ѕвезда.
Големите судири можеби ги одземаат океаните на малите ледени месечини
Нови симулации покажуваат дека разорувачките судири најчесто ги скратуваат или отстрануваат подповршинските океани на малите ледени месечини, наместо да создадат нови. Поголемите месечини можат да го зачуваат постоечкиот океан, но помалите брзо ја губат топлината и водата повторно замрзнува.














































