Кина развива напреден вселенски брод за мисии на Месечината

Кина развива нов, напреден вселенски брод кој ќе може да лета во ниската орбита на Земјата и да слета на Месечината.

Според изјавата на главниот инжинер за вселенски бродови Џанг Бајнан, новото леталото ќе може да се врати на Земјата и ќе има простор за повеќе астронаути.

Тој не дал други детали за  леталото, но го споредил  со вселенскиот брод „Орион“, што го развиваат Европската вселенска агенција и НАСА.

Својата прва вселенска мисија со човечка екипаж Кина ја иамше во 2013 година, но оттогаш напредуваше брзо.

Според астрофизичарот Џонатан МекДауел од Универзтетот Харвард, мината година Кина ја престигнала Русија и се изедначила со САД по број на лансирани ракети. Кина и САД лансирале по 22 ракети, додека Русија 17.

Во последната мисија, кон крајот на мината година, два астронаути поминаа два месеци на кинеската вселенска станица.

Во следните пет години Кина планира да има целосно функционална вселенска станица со постојан екипаж, а во иднина планира и мисија со човечка посада на Месечината.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.