Космологот и физичар Стивен Хокинг ќе патува во вселената, благодарение на претприемачот Ричард Бренсон, кој ќе му дозволи да лета со неговиот вселенски брод.

За британските медиуми изјавил дека „никогаш не ни сонувал дека ќе се упати кон вселената“, пред се заради неговата возраст и здравствената состојба.

„Ричард Бренсон ми понуди седиште на Вирџин Галактик, и веднаш кажав да“, вели Хокинг.

Компанијата за патување во вселената на Бренсон, Вирџин Галактик, има цел наскоро да пренесува луѓе во вселената на комерцијални мисии. Тој најави дека ќе го комплетира ова уште во 2009 година, но планот беше одложен од низа проблеми и катастрофи.

Стивен Хокинг иако е во тешка здравствена состојба тој сепак пред некое време можеше да ја почувствува бестежинската состојба при специјален лет со авион.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.