Tрудот на Стивен Хокинг го сруши сајтот на Кембриџ

Докторската теза на Стивен Хокинг од пред два дена може да се најде онлајн на веб-страницата на Универзитетот Кембриџ. Но, поради преголемиот број на луѓе кои сакале да стигнат до неговиот труд, веб-страницата одреден период беше целосно срушена.

Популарноста била очекувана од вработените во Универзитетот, со оглед на тоа дека дава слика за тоа како размислувал Хокинг на 24 години, кој денес е еден од најпризнаените и важни научници во светот. Сепак, не очекувале популарноста да отиде дотаму и да го сруши системот на Аполо, каде неговиот труд е прикачен.

Од Универзитетот се надеваат дека ова ќе ги охрабри сегашните и поранешните студенти да ги прикачат и нивните докторски тези на универзитетскиот сајт. Објавените есеи може да бидат прочитани од сите. Хокинг ја поддржува идејата со тоа што се надева дека не само што ќе ги поттикне другите да ги прочитаат и разберат неговите идеи, туку и дека ќе ги мотивира да ги споделат своите.

„Со тоа што мојата докторска теза е јавно достапна, се надевам дека ќе ги инспирирам луѓето во светот да погледнат нагоре кон ѕвездите, а не долу во своите стапала, да истражуваат за нашето место во универзумот и да се обидуваат и да најдат смисла за космосот“, рече Хокинг.

„Секој, секаде во светот би требало да има бесплатен пристап не само до моето истражување, туку и за истражувањето на секој одличен ум во спектарот на човечкото разбирање“.

„Секоја генерација се потпира на оние кои биле пред нив, исто како што јас тоа го направив додека бев млад студент на Кембриџ, инспириран од работата на Исак Њутон, Џејмс Клерк Максвел и Алберт Ајнштајн. Прекрасно е да се слушне колку луѓе досега покажаа интерес за преземање на мојата теза – се надевам дека нема да се разочараат сега откако имаат пристап до неа“, додаде тој.

Докторскиот труд на Хокинг од 1966 година сега е достапен на Аполо и може да се прочита на следниот ЛИНК.

 

Текстот е добиен во соработка со radiomof.mk

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.