Астономи за прв пат забележале раѓање на нова планета

Меѓународен тим од астрономи за прв пат забележаа момент на раѓање на нова планета, и тврдат дека ги поседуваат првите фотографии од формирањето. Ѕвездените снимки покажуваат блескав облак на новонастанатата планета, која патува низ прашината и гасот кој ја опкружува младата ѕвезда, позната под името PDS70, за која се верува дека е оддалечена 370 светлосни години од Земјата.

Црниот круг во средината на фотографијата, лево од планетата е филтер кој ја блокира светлината од ѕвездата и овозможува да се видат другите делови.

Фотографиите се настанати со помош на инструментот Sphere од Европската јужна опсерваторија (ESO) во Чиле и доста големиот телескоп (VLT). Планетата е гасовит гигант со маса поголема од Јупитер. Планетата е многу пожешка од што и да е во нашиот Сончев Систем, со површинска температура од околу илјада Целзиусови степени.

“Тие дискови околу млади ѕвезди се родното место на планетите, но се толку оддалечени што досега само неколку опсервации детектираа навестувања на бебе-планети во нив” – вели Миријам Кеплер од германскиот институт за астрономија Max Planck, и главен автор на студијата, објавена во списанието Astronomy and Astrophysics.

Млади планети и порано се идентифицирани со помош на Вселенскиот телескоп Кеплер, но тој метод, како што нагласува Миријам Кеплер има свои ограничувања и зависи од светлината на ѕвездите додека телото се движи помеѓу.

Кеплер додава дека ѕвездата во чија орбита е новонастанатата планета е стара само шест милиони години, и истакнува дека планетата би можела да биде уште помлада. Пред астрономите сега е голема задача, да од опсерваторија истражат како планетата се развива, но и да ја следат орбитата околу ѕвездата, што е патување кое за планетата ќе трае околу 120 години – пишува The Guardian.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.