Светна вештачкото сонце (+Видео )

Германските научници во четвртокот во гратчето Јилих, 30 километри западно од Келн,  го запалија  „најголемото вештачко сонце на светот“ , со надеж дека ќе им помогне да најдат начин за создавање на еколошко гориво.

Уредот – официјално наречен  „Synlight”се сосотои од 149 ксенонски лампи  кои обично се користат за симулација на дневна светлина во филмските студија.

Научниците од Германскиот аеровселенски центар  велат дека  со фокусирање на сите зраци на површина од 20 x 20 сантиметри, ќе можат да создадат соларна радијација 10.000 пати појака од природната  добиена од  истата површина.

Според  директорот на Институтот  за соларни истражувања Берхард Хофшмит создавање на толку висока температура –која ќе достигне и до 3.000 сепени Целзиусови, ќе биде клучно за тестирање на новите начини за добивање на водород.Многумина сметаат дека водородот е гориво на иднината, бидејќи не создава  јаглеродни гасови  кога согорува, што значи не придонесува за глобалното затоплување. Но, иако водородот е најзастапен елемент во универзумот, на Земјата е многу редок. Еден од начините да се произведе е преку разделување на молекулите на водата, со помош на електрична енергија, преку процесот на електролиза.

Научниците се надеваат дека ќе можат да го избегнат процесот во кој се користи струја, преку искористување на огромното количество на енергија што допира  на Земјата преку сончевата светлина.

Според   Хофшмит,   овој уред  е направен за да ги подигне експериментите од помалите лаборатории  на повисоко ниво и додава дека кога научниците ќе ја совлаат техниката за создавање на водорот со 350-киловатниот „Synlight”, уредот ќе може дополнително да се зголеми, за индустриски потреби.

Крајна цел, вели Хофшмит  е да може да се користи правата сончева светлина, наместо вештачка светлина, како со овој уред, кој чини 3,5 милиони евра и троши стуја колку четворочлено семејство за една година.

Хофшмит признава дека и водородот покажува одредени проблеми, на пример лесно е запалив, но  преку комбинација на водородот со јаглеродниот моноксид  добиен од обновливи извори, научниците би можеле да произведат еколошки керозин за авиоиндустријата.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.