Во Перу откриена масовна гробница со 140 жртвувани деца

Археолозите во Перу открија гробница од најмасовното жртвување на деца во историјата.

На локалитетот Лас Јамас пред повеќе од 550 години околу 140 деца биле жртвувани. На голем број од децата на лицата им бил ставен посебен црвен пигмент.

– Жртвите биле убиени на зверски начин. На децата, за кои се проценува дека биле на возраст од пет до 14 години, им била расечена утробата, а срцата искорнати, изјави Џон Верано, професор на Универзитетот Тулан, Њу Орлеанс.

Според археолозите тоа откритие е едно од најголемите за церемонијално жртвување на деца во историјата на Јужна и Северна Америка, а можеби и во светската историја. Иако постојат слични докази за жртвување на деца кај Ацтеките, Маите и Инките, но ниту еден не е во толкави размери.

Верано повеќе од три децении ги истражува старите народи и култури.

Пред откривањето на масовната гробница во Лас Јамас, најголем број на жртвувани деца беше откриено во храмот Теотихуакан во Мексико Сити.

enauka.mk
9,269наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,151денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.