„Скај драјв“ демонстрираше тест возење со „летечки автомобил“

Јапонската компанија „Скај драјв“ на 25 август демонстрираше тест возење со летечки автомобил, а се работи за првата ваква демонстрација на овој вид возила во јапонската историја, пренесува хрватски „Индекс“.

Пилотот полетал со автомобилот „СД-03“ и кружел на теренот околу четири минути.

„Сакаме да создадеме општество во кое летечките автомобили се достапно и прифатливо превозно средство, каде луѓето можат да доживеат безбеден и удобен нов начин на живот“, рече директорот на компанијата Томохиро Фукузава.

Моделот „СД-03“ е најмалото електрично возило за полетување и слетување на светот и зафаќа простор од околу два паркирани автомобили, соопштија од компанијата. Има осум мотори кои обезбедуваат „безбедност при итни случаи“

Компанијата се надева дека летечки автомобли наскоро ќе станат составен дел од нормалниот живот, а во иднина планираат да направат повеќе тест возења во различни услови, како би се осигурало дека безбедноста и технологијата на возилото ги исполнуваат индустриските стандарди.

Компанијата има намера летечкиот автомобил да го понуди на пазарот во 2023 година, но нема информација за тоа колкава би била цената за возилото.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.