Тајната на дождовните црви

Со грицкањето на паднатите лисја и другите мртви растителни материјали, тие ги отстрануваат слоевите на мртви растенија од земјата, го враќаат јаглеродот во земјата и ја збогатуваат почвата.

Сега, истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон откриле како црвите успеваат да ги дигестираат мртвите растенија, и покрај токсичните хемикалии поради кои повеќето тревопасни животни ги одбегнуваат.

Растенијата произведуваат полифеноли кои делуваат како антиоксиданси и им ја даваат бојата на растенијата. Но, тие исто така и го блокираат дигестирањето. Научниците идентификувале молекули во стомакот на дождовните црви кои се спротивставуваат на природната одбрана на растенијата. Молекулите се наречени „drilodefensins“ и им овозможуваат  на црвите да ги јадат мртвите растенија, дури до една третина од својата телесна тежина на ден.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

enauka.mk
9,253наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,109денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.