Религијата може да влијае врз мозокот исто како дрога?

Научниците од Универзитетот во Јута, со помош на магнетна резонанца ја истражувале активноста на мозокот кај 19 мормони при извршување на различни задачи.Ги проучувале за време на одмор, слушање на црквени финансиски извештаи и цитати и за време на молитва и читање на Библијата.

Од мормоните, истражувачите избрале седум жени и дванаесет мажи кои имале подолго работно искуство како мисионери.

При извршувањето на нивните задачи, учесниците во студијата морале да притиснат само едно копче, доколку имаат “духовно искуство”.

На снимките од мозокот, научниците забележале дека на одредени области од мозокот постојано се пали светло кога учесниците имаат духовни мисли.

Во претходните студии, истите делови од мозокот се осветлувале кога учесниците слушаат музика, биле заљубени или земаат дрога.common-misconception-drugs-brain-2

Оваа област на мозокот, nucleus accumbens, е позната како центар за надградување кој ја контролира зависноста и има улога во ослободувањето на допамин-хемикалија која го контролира расположението на човекот.

Лидерот на студијата,неурорадиологот д-р Џефри Андерсон рече: “Тоа се области во мозокот кои би требало да се поврзани со религиските и духовни искуства, но религиската неуронаука е нова наука, и за неа нема многу истражувања – нашето истражување е прво кое покажа активност на nucleus accumbens-от”.

“Голем број луѓе прават важни одлуки во животот врз основа на верските и религиозните чувства и искуства. Тие имаат силно влијание врз нашето однесување. Сепак, многу малку се знае за она што навистина се случува во мозокот за време на овие искуства. За тоа е потребно да се направат повеќе истражувања. “

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.