Во Амазонија откриени мистериозни камени кругови

Во амазонските прашуми пронајдени се  мистериозни камени кругови (геоглифи), стари повеќе од 2.000 години. Заради сѐ поголемата сеча на шумите (дефорестација) на тоа подрачје откриени се над 450 геоглифи , кои се простираат на територија од 13.000 км2. По својата необична геометриска структура наликуваат на Стоунхенџ и иако научнииците не знаат точно каква намена имале, се претпоставува дека луѓето ги користеле  како место за ритуални обреди.

И покрај тоа што многумина веруваат дека дефорестацијата со големи размери е релативно нов концепт, поттикнат од индустриската револуција од крајот на 1800-те и почетокот на 1900-те, според истражувачите од Бразил и Велика Британија,  ова откритие укажува дека прашумите не се толку „недопрени“, како што се сметаше.

„Самиот факт дека вакво нешто со векови лежи скрено под вистинска прашума, го оспорува мислењето дека амазонските прашуми претставуваат „недопрени екосистеми“- вели Џнифер Ватинг, истражувач од Музејот за археологија и етнографија во Сан Паоло.

„Сакавме да утврдиме дали областа веќе била пошумена кога овие структури настанале и во колкава мера луѓето влијаеле на околината со навната изработката“.

За потребите на истражувањето, научниците ја реконструирале историјата на вегетација и на пожарите наназад 6.000 години и утврдиле дека луѓето со илјадници години создавале мали привремени чистини за да ги направат овие мистериозни структури. Истажувањата покажале дека домородците  не палеле големи површини шума, ниту за изработка на овие структури, ниту за земјоделски потреби. Наместо тоа се концентрирале на економски вредни врсти на дрвја, на пример палми и на тој начин го менувале своето опкружување.

Иако луѓето и во тоа време ги менувале шумите, никогаш не ги загрозувале како што тоа се прави денес. Научниците сакаат овој пример од минатото да послужи како мотив за изнаоѓање на поефикасни методи за создавање на плодно земјиште.

https://youtu.be/zUxtBPe1Lek

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.